Само тројца соиграчи од Рома му пишале на Ѕаниоло по трансферот во Галатасарај

Николо Ѕаниоло е еден од трагичарите на јануарскиот преоден рок. Не затоа што премина од Рома во Галатасарај, туку со целото негово однесување во текот на трансфер периодот. Сето тоа донело едвај тројца соиграчи од целата екипа на Рома да му пише порака со честитка за новиот ангажман.

„Кориере дело спорт“ тврди дека само Леонардо Спинацола и англичаните Крис Смолинг и Тами Абрахам му пишале на Ѕаниоло за да му честитаат за трансферот во Галатасарај. Никој друг!

Тоа само ги потврдува шпекулациите дека односите а 23-годишниот фудбалер тотално се распаднале со мнозинството од тимот, откако во јануари побара да си оди од Рома. Борнмут испрати понуда до него, а тој ја игнорираше, за потоа да побара да оди, но тогаш премиерлигашот се предомисли. 

Пронајдете не на следниве мрежи: