Ница без мака со Ажаксио за четврта победа по ред (ВИДЕО)

После три големи победи во серија со Лил, Ланс и Марсеј, Ница ја продолжи извонредната серија со четврта победа по ред, откако вечерва без преголема мака го победи Ажаксио (3-0), еден од најзагрозените тимови во Лига 1, на отворањето на 23-то коло во француската елита.

За три минути од стартот на мечот Данте даде гол за водство, па Билал Брахими во 69-та погоди вторпат да ја завери победата и воопшто да не го доведе под знак прашалник новиот триумф, за во 90-та и вторпат да се запиша во листата на стрелци за убедливата победа.

Ова беше десета победа сезонава за Ница и сега има 37 бода на седмото место, еден зад шестиот Лил, а три зад петтиот Рен.

Ажаксио го запиша петтиот пораз во последните шест меча, а вкупно 15-ти сезонава и со 18 бода остана трет одзади во црвената зона.

Пронајдете не на следниве мрежи: