Сенегалската ѕвезда Садио Мане кој летоска за 35 милиони евра дојде од Ливерпул во Баерн Минхен имаше огромен пех со повредата непосредно пред стартот на СП во Катар, па истиот го ропушти и по три месеци пауза близу е да се врати на терените.
Според последните најави, Мане кој веќе е во погон за да ја достигне физичката подготвеност, за две недели би требало повторно да заигра фудбал, што значи дека сигурно во претстојнава недела нема да игра против Пари Сен Жермен во првото осминафинале, ама ќе биде подготвен за реваншот.