Коман е кошмар за ПСЖ, Милан со минималец против Тотнем (ВИДЕО)

Германскиот првак Баерн Минхен направи голем чекор кон четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако вечерва го освои Париз и со голот на Кингсли Коман го победи Пари Сен Жермен (1-0) на „Паркот на принцовите“ во првиот меч од осминафиналната фаза, во која Милан со еден гол предност по минималецот со Тотнем патува во Лондон на реваншот.

Францускиот репрезентативец Коман, кој им ја донесе и последната европска титула на Баварците во Лисабон во 2020 година против ПСЖ, повторно го реши својот бивш клуб и тоа само благодарение на лошата реакција на Џиџо Донарума, кој можеше да го одбрани волејот на офанзивното крило после центаршутот на Алфонсо Дејвис во 53-та минута.

Пронајдете не на следниве мрежи: