Адејеми со соло-мајсторија го урна Челси, Бенфика со една нога во четвртфинале

Резултатскиот очај на прескапиот бивш европски првак Челси продолжи и во Лигата на шампионите, па англискиот гигант загуби вечерва во Дортмунд од Борусија со 0-1 во првиот меч од осминафиналната рунда, додека Бенфика направи голем чекор кон четвртфиналето со триумфот со 2-0 на гости кај Бриж.

Младата ѕвезда на германскиот вицепрвак Карим Адејеми со фантастична контра после корнер на Челси, претрчувајќи повеќе од 70 метри, успеа да ги издрибла и најскапиот премиерлигашки фудбалер Енцо Фернандез и голманот Кепа Аризабалага за да даде гол во 62-та минута и со тој гол да ѝ донесе предност на Борусија пред гостувањето во Лондон на 7 март.

Пронајдете не на следниве мрежи: