Сити го суреди Арсенал за да го преземе лидерското место во Премиерлигата (ВИДЕО)

Англискиот првак Манчестер сити го расплака „Емирати“, па го суреди Арсенал со триумфот со 3-1 за да го преземе лидерското место во Премиерлигата, поради подобрата гол-разлика при истото бодовно салдо со 51 бод.

Комплексот на Арсенал од „граѓаните“ продолжи и во првото годинешно дерби за титула, зашто ова беше седма победа на шампионот против „топчиите“ по ред и лондончани ги немаат победено ривалите уште од 18 јули 2020 година, кога славеа во ФА-Купот (2-0). Но, поголема болка за Арсенал е што кризата во која западна во втор пораз во третиот меч и само еден освоен бод од можни девет, брзо ја прокоцка тешко стекнатата предност до пред десетина дена.

Пронајдете не на следниве мрежи: