Динамо Киев на лето го купува Сандеј Адетунџи од Шкупи?

Украинскиот великан Динамо Киев ќе го купи најдобриот странец и стрелец во македонскиот фудбал, Нигериецот Сандеј Адетунџи на лето, откако центарфорот на чаирчани ги импресионирал скаутите на киевскиот гигант на мечот со Жалгирис во овие зимски подготовки во Анталија.

Според информациите, скаутите на Динамо Киев биле на мечот на Шкупи со Жалгирис кој македонскиот првак го доби со 4-0, а адетунџи даде хет-трик и сега според најавите веќе влегол во бележниците како потенцијално засилување во летниот преоден рок.

Адетунџи летоска беше во фокус, но не направи трансфер, иако излегоа информации дека Шкупи одбил 1,5 милиони евра за Нигериецот од неименуван клуб од Хрватска, наводно барајќи чисти два милиони евра за да го пуштат својот најдобар фудбалер.

Пронајдете не на следниве мрежи: