Нант преживеа на гости кај Јувентус, Севилја со една нога во осминафинале

Бившиот италијански првак Јувентус вечерва одигра 1-1 против Нант, додека Севилја го декласира ПСВ со 3-0 во првото коло од нокаут-фазата во Лига Европа.

Српскиот голгетер Душан Влаховиќ по 13 минути ја затресе мрежата на гостите од Франција за водство од 1-0 на Јувентус.

Нант во вториот дел преку Блаз стрелаше за 1-1, по што Јувентус се разбуди и почна да напаѓа кон голот на гостите, меѓутоа не најде начин како да постигне втор гол.

Пронајдете не на следниве мрежи: