Каде ќе јадете најевтина пица во Европа?

Можеби некогаш сте мислеле дека најскапата пица ќе ја јадете во Италија, родното место на овој специјалитет. Сепак, според истражувањата, сепак најскапата пица ќе ја јадете во друг дел на континентот.

Вообичаено е цените во Швајцарија да бидат повисоки отколку во повеќето делови на светот, но може да се изненадите дека тоа важи и за едноставни задоволства како пицата.
Иако можеби најдобрата пица надвор од Италија е во Швајцарија, тука ќе потрошите најмногу пари за овој вкусен залак. Новата студија на Travelnews откри дека Берн е европска престолнина со најскапа пица.

Travelnews ја анализираше просечната цена на стандардна пица маргерита во европската престолнина. Според резултатите, најскапа пица се јаде во главниот град на Швајцарија, каде просечната цена е 17,70 евра или 17,15 франци.
Второто место го зазема Вадуц, Лихтенштајн со 15,97 евра. Топ три ја заокружи Рејкјавик во Исланд со цена од 15,90 евра.

Десетте најскапи европски метрополи за пица се:
Берн, Швајцарија (17,70)
Вадуц, Лихтенштајн (15,97)
Рејкјавик, Исланд (15,90)
Осло, Норвешка (15,68)
Хелсинки, Финска (13,90)
Монако (13,07)
Лондон, Обединетото Кралство (12,84)
Атина, Грција (12,17)
Даблин, Ирска (11,73)
Никозија, Кипар (11,27)
Најевтина е пицата во Сараево, Босна и Херцеговина, каде што чини само 3,44 евра. Скопје е во топ 5 градовите со најевтина пица во Европа. Во главниот град на Македонија, според истражувањето, пицата во просек чини 4,72 евра, а следните места ги заземаат Подгорица (Црна Гора) со цена од 4,35 евра, Тирана (Албанија) со 4,16 евра и Приштина (Косово) со 4,08 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.