Се соблекла, гризела, а се поради бизарна работа! Жена направила хаос во авион, морале да ја врзат, сакала да влезе во кокпит

Жената во авионот ја соблекла кошулата, почнала да дивее, а патниците во бизнис класата морале да му помогнат на персоналот да ја врзе и да ја смири.

На летот на руската национална компанија „Aeroflot“ настанал тотален хаос на 10.000 метри кога една патничка се соблекла топлес, гризнала стјуардеса и се обидела да влезе во кокпитот на авионот. Руските медиуми пишуваат дека Анжелика Москвитина била под дејство на алкохол на летот од Ставропољ за Москва, а причината за нејзиното дивеење била никотинска криза.
Избезумената патничка инсистирала дека сака да запали цигара, а кога желбата не и била исполнета, настанал хаос. Ја соблекла кошулата, почнала да дивее, а патниците во бизнис класата морале да му помогнат на персоналот да ја врзе и да ја смири.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.