РАЗРЕШЕНА МИСТЕРИЈА СТАРА 50 ГОДИНИ: Пронајден студент кој исчезнал во 1976 година

Полицијата во САД го реши случајот со исчезнататиот 22-годишен студент Кајл Клинкскалес, која исчезна во 1976 година. На 7 декември 2021 година, полицијата добила повик од маж кој забележал возило на дното на потокот, во близина на градот Кусет, Џорџија.

Пронајден студент кој исчезнал во 1976 година

Во за’рѓосан Форд пронашле коски на млад човек, а сега пристигнала потврда дека се работи за Кајл, пренесува CBS.

Посмртните останки беа анализирани од лабораторија на ФБИ на барање на Бирото за истраги во Џорџија, а официјалниот извештај за причината за смртта засега не е комплетиран ниту објавен, соопштија од одделот на шерифот.

Кајл Клинкскалес исчезна на 27 јануари 1976 година, кога се враќал од американската држава Џорџија во колеџот Обурн во Алабама со својот Форд Пинто. Тој никогаш не стигнал на факултет, а полицијата со години трагала по младиот човек и автомобилот.

Дури се сомневаше дека е убиен, а во 2005 година полицијата уапси две лица за давање лажни изјави. Еден се изјасни за виновен по две точки од обвинението за лажно сведочење и помина седум години и осум месеци во затвор.

Пронајдете не на следниве мрежи: