Додека некои ќе ве воодушеват веднаш штом ќе ги видите, тоа не е случај со сите. Според астролозите, кога ќе ја сретнете оваа друга група луѓе, нема да ви остават добар впечаток, а за тоа има добро објаснување.
Имено, тоа се случува затоа што тие тешко ги покажуваат своите емоции и вистинското лице, па луѓето често погрешно ги разбираат.
Меѓутоа, ако им дадете втора шанса, ќе ви покажат дека сте згрешиле и дека зад „маската“ се крие нешто убаво.
Ова се знаците кои оставаат најлош прв впечаток.
Овен
Овенот е одлучен и директен, а тоа на некои им изгледа како ароганција. Овој хороскопски знак сака да се натпреварува, а на многу луѓе тоа не им се допаѓа.
Многумина го сметаат Овенот за агресивен, па затоа мислат дека е дрзок и арогантен.
Девица
Аналитичните Девици не откриваат многу за себе. Сакаат полека да градат врски и внимателно избираат кому да веруваат. Иако овој став ги штити од можно разочарување, понекогаш може да направи да изгледаат ладно и воздржано.
Рак
Ракот е многу емотивен и секогаш се води од своите чувства. Впечатокот што ќе го остави на околината зависи исклучиво од расположението на Ракот. Раковите често делуваат мрзоволно, па со тоа ги одбиваат луѓето.
Меѓутоа, штом ќе ги запознаете, ќе сфатите колку се драги и лојални.