Гостувајќи на американскиот ТВ-канал Еј-би-си (ABC), Бајден ја исклучи опцијата за испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина, и покрај тоа што претседателот на таа земја, Владимир Зеленски, неколкупати упати барање до Западот за овој тип авиони.

Претседателот на САД, Џо Бајден, ја исклучи опцијата за испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина, пренесува Анадолу.
- Даниловски за Западно нилската треска: Осумте регистрирани случаи се видливиот дел од една епидемиолошка „санта мраз“
- Посетата на Зеленски на Лондон испраќа јасна порака за поддршка на Украина, вели британскиот премиер
- СДСМ: Сега официјално признаваат ризик од хепатит А и Е во Гостивар
- ЏОРЏИНА СЕ СТЕГНА,ПА ГО ОДНЕСЕ РОНАЛДО НА ОПУШТАЊЕ: Еве, што правеа двајцата и каде беа?!
- (Видео) Експлозија по земјотресот во Јапонија: Исчезнати се 19 луѓе по потресот од 7,1 степени
Гостувајќи на американскиот ТВ-канал Еј-би-си (ABC), Бајден ја исклучи опцијата за испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина, и покрај тоа што претседателот на таа земја, Владимир Зеленски, неколкупати упати барање до Западот за овој тип авиони.
„Видете, ние му (на претседателот на Украина, Зеленски) испраќаме она што нашата искусна војска смета дека сега му е најпотребно. Нему му се потребни тенкови, потребна му е артилерија, потребна му е противвоздушна одбрана, вклучувајќи уште еден ХИМАРС“, рече Бајден.
Запрашан за потенцијалното испраќање на борбените авиони Ф-16 во Украина, советникот на Белата куќа за национална безбедност, Џејк Саливан, во четвртокот рече дека „Ф-16 не е прашање за краткорочна борба туку за долгорочна одбрана на Украина“.
Бајден оваа недела во Киев се сретна со украинскиот претседател Зеленски. Во текот на посетата на Киев, американскиот претседател најави дополнителна воена помош за Украина.
Пронајдете не на следниве мрежи:


