Изолираниот и осамениот антиНАТО и антиЕУ, истовремено и антиалбанец според неговите ставови и одлуки, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, одбива и избегнува да се изјасни: Зошто им забранил на неговите градоначалници да соработуваат со Албанци, зошто издал наредба да не се издаваат потврди за легализација на Албанци од страна на неговите градоначалници, зошто издал наредба да не се даваат дозволи за градба за компании чиј сопственик е Албанец, и зошто тој и неговите сопартијци повикуваат на војна против Албанците во 2023 година? – прашаа утрово од ДУИ.
Од партијата додаваат дека „објавувањето на фотографија во маскирна униформа и со празен калашников е предвесник на долго планираната кампања со најави за војна од страна на ВМРО ДПМНЕ и барање на 61 пратеник да не бидат „условени“ од Албанците, слично како Никола Груевски своевремено, и го поттикна говорот на Александар Николовски во Собрание во кој што наведеува дека Македонците ќе се кренат во 2023 година“.
-Ова е скандалозно однесување од неодговорни предводници на ВМРО-ДПМНЕ и треба да се осуди од сите, вклучително и од медиумите, цивилното општество, академската заедница, и сите партии кои што се залагаат за Европска Македонија, членка на НАТО, со еднакви граѓани и во одличен соживот помеѓу сите заедници, мир, стабилност и безбедност, како и економски развој. Денес, сите партии освен Левица, се дистанцираат од ВМРО ДПМНЕ на Мицкоски и неговиот коалиционен капацитет е еднаков на НУЛА и тоа предизвикува нервоза, порачаа од „Мала Речица“.