БАХМУТ ПАЃА | ПРИГОЖИН ДО ЗЕЛЕНСКИ: ПОВЛЕЧИ ЈА ВОЈСКАТА НЕ ГИ ЖРТВУВАЈ БЕЗ ПОТРЕБА

Руските сили со месеци се обидуваат да го освојат Бахмут, град во областа Доњецк во источна Украина, кој стана место на една од најкрвавите битки од почетокот на војната.

„Борбите се во тек. Ситуацијата е критична“, изјави Володимир Назаренко, заменик командант на Националната гарда на Украина.

„За време на обидот да се заземе градот, Русите не обрнуваат внимание на нивните загуби. Наша задача е да му нанесеме што поголема штета на тамошниот непријател. Секој метар украинска земја ги чини стотици животи“, додаде тој.

ПРИГОЖИН ДО ЗЕЛЕНСКИ: ПОВЛЕЧИ ЈА ВОЈСКАТА НЕ ГИ ЖРТВУВАЈ БЕЗ ПОТРЕБА

Украинците во изминатите 24 часа успеале да одбијат повеќе од 85 руски напади на пет главни делови од линијата на фронтот во битката за Бахмут, соопшти Генералштабот на украинската армија.

Русија, која ја загуби областа во втората половина на 2022 година, тврди дека заземањето на Бахмут би било голем чекор кон освојување на околната индустриска област. И покрај некои критики од Западот дека битката за тој град ќе го ослаби нивниот капацитет за понатамошно војување, Украинците инсистираат да го бранат Бахмут бидејќи сакаат да ги исцрпат руските сили и да го забават понатамошниот напредок во регионот.

„Ни треба колку што е можно повеќе муниција. Овде има многу Руси и ни треба муниција за да ги уништиме. Бројот на непријателски војници не е важен. Технологијата е важна“, рече Назаренко.

Во околните градови и села се ископани нови ровови, што е знак дека украинските сили се обидуваат да воспостават нови одбранбени позиции. На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како Украинците го уништуваат мостот откако се повлекле.

Евгениј Пригожин, основачот и шеф на руската платеничка организација Вагнер, во видеото објавено денеска изјави дека Бахмут е практично опкружен и дека Украинците имаат само еден излез од градот. Пригожин, исто така, го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да нареди повлекување на украинските сили од градот. Неговата порака можете да ја видите подолу.

Пронајдете не на следниве мрежи: