Колку чини најскапата јахта во светот?

На листата на најскапи работи во светот вклучувајќи автомобили, часовници и мобилни телефони, на прво место дефинитивно се наоѓа јахтата чија вредност изнесува 4,47 милијарди евра.

Колку чини најскапата јахта во светот?
History Supreme од само 30 метри е изградена за Британецот Стјуарт Хјуз, а ја купил анонимен малезиски бизнисмен. Уникатната јахта била градена во текот на три години, а за нејзината изработка биле употребени 100.000 килограми злато и платина.
Трпезаријата, оградата, сидрото… сето тоа е направено од благородни метали, но златото и среброто не биле доволно екстравагантни: просторот за спиење е изграден од метеорит, а на ѕидот се наоѓа коска од Т-рекс.

Колку чини најскапата јахта во светот?

„Ако куповната цена е точна, најверојатно купувачот е Роберт Куок, најбогатиот човек во Малезија, со нето богатство од 12,5 милијарди долари“, изјавува Business Insider.

Иако фотографиите од јахтата се наоѓаат на официјалната веб-страница на Стјуарт Хјуз, се шпекулира дека најскапата јахта на светот всушност не постои. Иан Фортеј за веб-страницата Boat safe го тврди токму тоа, а како доказ го наведува фактот дека освен официјалните најави од 2011 година не може да се најдат фотографии од јахтата (како никогаш никаде да не пловела) и дека ни најбогатиот човек на светот не би дал третина од неговото богатство за јахта, каква и да е таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.