На брачниот пар од Дапто, јужно од Волонгонг, им беа доделени 2 милиони долари за освојување на наградите од две главни премии на лото, откако сопругот купил две идентични билети за себеси и за својата сопруга, па двајцата добиле по 1 милион долари.
Сопругот објаснил дека ја инервирал сопругата претходната недела откако заборавил да го купи лозот за претходното извлекување.
За да ја утеши, купил две ливчиња со исти броеви кои неговата сопруга ги користела со децении.
„Мојата сопруга ги игра овие бројки речиси три децении и секогаш велеше дека ќе бидат извлечени еден ден“, изјави тој за Лото.
Жената во вторнико наутро возбудено ги проверувала резултатите без да знае дека нејзиниот сопруг купил две исти ливчиња.
„Кога виовме дека освоивме 1 милион долари, одлучив да ѝ кажам дека имам две идентични ливчиња“.
Сопругата признала дека врескала откако дознала дека освоиле 1 милион долари, но за малку ќе паднала во несвест откако нејзиниот сопруг открил дека ги удвоиле парите со двоен билет.
„Не можам да верувам дека ова ни се случи“, рече сопругот.
Новопечените милионери признаа дека не им се потребни огромните добивки за да бидат среќни.
„Нема да биде потребно многу за да бидеме среќни“, рече сопругата.
„Можам да и купам куќа на ќерка ми, можам да ги поделам парите на децата и внуците за во иднина“.
„Откако ќе го направиме тоа, тогаш можеме да уживаме во сѐ што ќе остане“.
„Би сакал да патувам низ Австралија и да ги видам сите делови од нашата земја што не сум ги видел“, рече човекот.