Случаи на инфекција се регистрирани во северниот дел на Танзанија во градот Букоба.
Една од најсмртоносните болести во светот за прв пат се прошири во друга африканска земја. Вирусот Марбург – кој убива 90 проценти од заразените и нема лек за него – уби пет лица во Танзанија, вклучително и еден здравствен работник, додека уште тројца пациенти се во болница, пишува Дејли мејл.
Случаи на инфекција се регистрирани во северниот дел на Танзанија во градот Букоба, во провинцијата Кагера, каде живеат 120.000 луѓе. Повеќе од сто жители за кои се стравува дека биле изложени на вирусот сега се под надзор.
Марбург – болест слична на ебола која предизвикува треска, повраќање и обилно крварење од очното јаболко, носот и непцата – е ендемична во областите на централна Африка, вклучувајќи ги Ангола и Демократска Република Конго. Таа претходно се појави и во Кенија.
Но, новата епидемија се појави едвај еден месец откако вирусот Марбург првпат ја погоди Екваторијална Гвинеја, од другата страна на африканскиот континент.
Вирусот претходно ја погоди Екваторијална Гвинеја
Случаите беа дијагностицирани по тестирањето спроведено во главната владина лабораторија во главниот град Дар Ес Салам.
Тим за интервенција во кризи, вклучително и работници од Светската здравствена организација, сега е во епицентарот на избувнувањето за да ја спречи.
Не е јасно како пациентите се заразиле, но Марбург вирусот може да се пренесе преку контакт со крвта или телесните течности на пациентот .
„Ние работиме со владата за брзо зголемување на контролните мерки за да се запре ширењето на вирусот и да се стави крај на епидемијата што е можно поскоро. Научените лекции и напредокот постигнат за време на другите неодамнешни епидемии треба да и помогнат на земјата додека се соочува со овој најнов предизвик“, рече Матшидисо Моети, регионален директор на СЗО за Африка.
Следна голема закана од пандемија
Тој додаде дека иако Танзанија претходно не се соочила со Марбург, неодамна се справила со голем број здравствени итни случаи, вклучително Ковид, колера и денга.
Вирусот Марбург беше најавен како голема закана од пандемија, а СЗО го карактеризираше како „потенцијално опасен да стане епидемија“.
Може да се пренесе на луѓето од овошни лилјаци кои живеат во делови од централна Африка, а може да се пренесе и меѓу луѓето преку контакт со телесни течности на заразено лице. Луѓето можат да се заразат и со допирање на крпи или површини кои исто така биле во контакт со заразено лице.
Пронајдете не на следниве мрежи: