Дубаи добива конкуренција, еве за кој град се работи!

Главниот град на Саудиска Арабија, Ријад сака да му конкурира на Дубаи за странски инвестиции. Сепак, останува да се види дали Ријад е подготвен во однос на инфраструктурата, домувањето, начинот на живот, па дури и администрацијата за прилив на странски работници и нивните семејства. До крајот на 2022 година, скоро 80 компании поднеле барање за лиценци за преместување на нивните централи во Ријад.

Странските компании сакаат да се усогласат со неодамнешните саудиски правила кои ги ограничуваат владините субјекти да работат со меѓународни компании кои немаат регионални централи во земјата до јануари 2024 година. Новите мерки треба да привлечат странски инвестиции и работници.

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман сака да ја отвори земјата на меѓународните пазари, ставајќи го главниот град меѓу 10-те најголеми урбани економии во светот и удвојувајќи го неговото население на најмалку 15 милиони до 2030 година, пишува „Днес.бг“.
Инаку, Дубаи објави економски план од 8,7 трилиони долари за следната деценија, кој ќе се фокусира на трговијата, странските инвестиции и место на мапата како глобален центар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.