Меси стравува од Баерн

Баерн Минхен и Барселона, во вторник, ќе го одиграат првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони.

Баерн на импресивен начин стигна меѓу четирите најдобри екипи, откако во четвртфиналниот двомеч, на доминантен начин го елиминира Јувентус. Играта која Баварците ја прикажаа на тие две средби, се причината поради која од Баерн стравува најдобриот играч на светот Лионел Меси. Аргентинецот смета дека играта на Барселона на двете средби треба да биде на највисоко ниво, според него Баерн игра фантастичен фудбал оваа сезона. „Секој противник во полуфиналето во ЛШ е тежок. Но Баерн оваа сезона е многу, многу добар. Играат сјајно во текот на целата сезона и се многу ефикасни“, рекол Меси во ексклузивното интервју за индискиот „The Times“. „Минатата сезона во последните минути останаа без титулата во Лигата на шампиони, но верувам дека тоа ги направи уште посилни, поради тоа желбата за .освојување на ЛШ кај нив е многу посилна него лани“, смета Аргентинецот. 
Настапот на Меси од самиот почеток на натпреварот е неизвесен, а дали тој ќе започне во стартниот тим, тренерот Виланова ќе реши пред почетокот на натпреварот. Меси го повреди бутниот мускул на првиот четвртфинален натпревар против Пари Сен Жермен, во реваншот ја обнови повредата и оттогаш нема одиграно ниту една минута за Барселона
Maкфакс
Баерн Минхен и Барселона, во вторник, ќе го одиграат првиот полуфинален натпревар во Лигата на

Пронајдете не на следниве мрежи: