Драган Малешевиќ Тапи почина на 29 октомври 2002 година во зградата на градската полиција кога беше доведен на сослушување, а како што многумина веруваат, поради полициската бруталност – умре во нивни раце.
–Ме обвинија дека сум го задавил Драган Малешевиќ Тапи – изјави поранешниот началник на Одделот за крвни прекршоци Жарко Поповиќ.
После 20 години проговори за случајот кој до ден денес ја интригира јавноста. Поповиќ детално опиша што се случило ноќта кога Тапи починал.
Тогаш работевме на акцијата „Белград“ за да откриеме кој го убил генералот Бошко Буха. Додека работеше на таа приказна, една вечер обвинителот нареди Тапи да биде донесен во нашиот оддел на информативен разговор. Бидејќи се работеше за акција на ниво на градски СУП, побаравме колеги од Четврто одделение (се занимаваат со дрога) да го приведат Тапи и да ни го донесат. Го симнаа човекот, Тапи седна и рече дека имал три срцеви удари. Запали пура, па падна на глава. Дојде брза помош и по обдукцијата констатирано е дека му пукнала абдоминалната аорта – изјави Жарко Поповиќ.
Тој вели дека негова несреќа била што таа вечер, многу пред да биде донесен Тапи, водел акција на поширокото подрачје на Белград со 50 оперативци на градскиот СУП и 50 оперативци на БИА.
Таа акција ја правевме до 2 часот по полноќ. Кога дојдов во канцеларија, колегите ми кажаа што се случило. Прашав само дали е направена обдукција. – изјави Поповиќ во интервју за Балкан инфо и додаде дека после тоа бил обвинет дека Тапи го задавил со кеса и дека потоа таа кеса ја вратил на бирото.
Замислете каков дебил би бил да ја вратам кесата со ДНК профилот на покојниот Малешевиќ во мојата маса. Многупати ме испрашуваа… – рече Поповиќ.
Тој потврди дека Тапи работел за Службата за државна безбедност и посочи дека Тапи бил феноменален фалсификатор.
Пронајдете не на следниве мрежи: