14-годишно момче утрово изврши напад во училиштето во Врачар, а негова пријателка за српската „ТВ Прва“ раскажала што се случило кобното утро.
Како што рекла, за време на самото пукање се качила на катот во училиштето и слушнала звуци кои наликувале на петарди.
„Слушнав звуци, мислев дека децата фрлаат петарди. Но потоа видов дека обезбедувањето падна на подот, а потоа се вратив, не ми дозволија да се качам горе. Наставничката по физичко сакаше да се качи горе, но и реков дека да не оди, бидејќи го видов обезбедувањето како падна на подот, дека е пукано во него, па отидовме на безбедно“, вели Евгенија.
Таа додаде дека слушнала дека ученик влегол во училница и почнал да пука.
„Има неколку ранети. Беше страшно“, изјави потресен ученик од училиштето во Врачар.
Според пишувањата на медиумите, момчето испукало дури 20 куршуми.
„Бев долу, имавме физичко, слушнав пукотници. Не знаев што се случува, се допишувавме преку смс пораки, некои деца не одговараа и се плашевме…“ вели таа.
Како што додава, тогаш сите се евакуирани.
„Сите се сместивме во една мала соба во училиштето, па не префрлија во гимназијата, таму беше безбедно, а потоа излеговме. Прво не и кажав на мајка ми, за да не ја стресам, но потоа И кажав дека сум безбедна, вели девојче“, вели Евгенија.
Како што додава, таа и ученикот кој утринава пукаше во училиште биле во исто одделение.
„Беше тивок, изгледаше убаво, имаше добри оценки. Не беше отворен со сите, но не би очекувала да се случи вакво нешто”, заклучила девојката.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.