Хороскопски знаци кои не знаат да прифатат критика и веднаш се навредуваат

Има луѓе кои ја ценат конструктивната критика и ја користат за свое лично подобрување. Од друга страна, има луѓе кои никако не можат да ги поднесат и сè доживуваат премногу лично, поради што е мора околу нив да се однесуваме со претпазливост.

Овие три хороскопски знаци никогаш не можат да ги сфатат и прифатат критиките на вистински начин и лесно се навредуваат:

Лав
Лавовите се убедени дека се најдобри во сè и дека никогаш не може да згрешат или да направат нешто лошо. Токму затоа не трпат критика и најчесто ја доживуваат како напад. Во критиката не гледаат совети и насоки кои може да им помогнат, туку ги толкуваат како туѓа завист или злоба. Нивното его е преголемо за да ја ценат критиката и да препознаат во него нешто друго освен провокација и напад.

Рак
Раковите секогаш се трудат да ги усреќат сите околу себе, па секоја критика директно ги удира во срце. Кога некој ќе им упати тоа им е тешко бидејќи чувствуваат дека не успеале и дека не биле доволно добри. Тогаш најчесто се повлекуваат во себе и избегнуваат секаква комуникација додека не размислат за сè во мир. Долго време им треба да го преболат тоа.

Вага
Вагите не сакаат да бидат критикувани и веднаш стануваат дефанзивни. Тешко ги прифаќаат критиките, особено ако се насочени на директен и нималку суптилен начин. Тие се толерантни, љубезни, внимателни и не сакаат да ги критикуваат другите, па сакаат да бидат третирани на ист начин. Ако навистина треба да ги критикувате луѓето родени во овој знак, направете го тоа на најљубезен можен начин и со што поголема тактичност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.