Пожарникар спаси срна од поплавите и им ги стопли срцата на Хрватите

Хрватска деновиве е погодена од големи поплави предизвикани од силните врнежи од дожд. Во поплавените подрачја се видени многу примери на херојство на спасувачите, а во меѓувреме објавена е фотографија на која се гледа како пожарникар спасува срна од давење во длабоката вода, пишува„Јутарњи лист“ .

Младиот пожарникар од Карловац ја спасил срната од давење. |Животното воопшто не се исплашило, а коментаторите на социјалните мрежи се полни со пофалби за спасувачот.
„Симнете капа“, „Секоја чест“, „Прекрасно“, „Има и добри луѓе“, се само дел од коментарите на фејсбук-страницата на Радио Мрежница, која ја објави фотографијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.