Германија следната година ќе испрати два воени брода во индо-пацифичкиот регион, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус. Писториус ова го изјави на состанокот „Дијалог Шангри-Ла“ во Сингапур, посветен на безбедносните прашања во Азија.
Германскиот министер посочи дека земјите во светот мора да го заштитат меѓународниот поредок заснован на правила и да гарантираат заштита на главните бродски рути.
„За таа цел, германската федерална влада испрати фрегата во индо-пацифичкиот регион во 2021 година и ќе го стори тоа повторно во 2024 година. Овој пат ќе испратиме фрегата и помошен брод“, се вели во текстот на говорот на Писториус, објавен. од страна на германското Министерство за одбрана.
Германскиот министер појасни дека испраќањето на бродовите не било насочено против одредена земја, јави ДПА.
Пронајдете не на следниве мрежи: