Четири изненадувачки начини да спречите каснување од комарец

Сите сигурно доживеале мирна летна вечер уништена од досадното брмчење на комарец, проследено со чешање од каснување.

Многумина од бараат начини како досадни инсекти засекогаш да ги задржат подалеку од себе.
Мејзи Воланс, докторант по екологија на Универзитетот во Оксфорд, детално раскажа четири начини за кои е докажано дека ги одбиваат комарците.

Прескокнете го пивото
Мејзи се осврна на студија од 2010 година која мери колку луѓето ги привлекуваат комарците и ги набљудуваше луѓето пред и после пиење пиво или вода.
Резултатите откриле дека комарците повеќе ги привлекуваат луѓето што пиеле пиво, додека ништо не се променило откако луѓето пиеле вода.

Користете дезодоранс
Излегува дека е добра идеја да се носи дезодоранс во лето, а не само да се спречи потење. Според Мејзи, студиите покажале дека соединението во дезодорансите – изопропил тетрадеканоатот – доста ефикасно ги одбива комарците.
Едно истражување особено покажа дека слетувањето на комарците на кожата или облеката се намалило за неверојатни 56% кога таа површина била третирана со дезодоранс.
Друго истражување покажа дека човек повеќе привлекува инсекти кога е испотен. Затоа погрижете се да имате при рака некој дезодоранс.

Мудро одберете го овошјето што го јадете
Можеби не мислите дека видот на ужина што ќе го јадете ќе ги натера комарците повеќе да ве напаѓаат. Но, Мејзи советува ова лето да ги замените бананите со грозје ако сакате да избегнете каснување од комарец.
Таа се повика на едно американско истражување кое покажа дека луѓето повеќе ги привлекуваат комарците откако ќе изедат банана. Сепак, тоа не е случај со грозјето, бидејќи немало промена во привлечноста на комарците откако луѓето јаделе грозје.

Третирајте ја облеката со инсектицид
Доколку не ви се допаѓа чувството на инсектицид на вашата кожа, можете да го испрскате на облеката, така ќе спречите комарците да ја каснат кожата која е покриена со третираната облека.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.