Убава но и многу опасна: Жена пилот која ќе ве остави без текст!

Маријам Ал Мансури (35) е првата жена-пилот која ги предводела воздушните напади во текот на бомбардирањето на позициите на Исламската држава во Сирија.Таа е командант на ескадрилата борбени авиони F-16, Ал Мансури заедно со пилотите од Бахреин, Јордан, Саудиска Арабија и Катар ги спровела нападите во близина на сириските градови Рака, Алепо и Идлиб.
Ал Мансури  се приклучила на авијацијата на ОАЕ во текот на 2007 година кога армијата најави дека ќе прифаќа и жени за обука на пилотскиот колеџ Калифа Бин Зајед.
Сепак место да се натпреварува со своите колеги мажи, Ал Мансури вели дека е повеќе сконцентрирана на натпреварување со самата себе за да ги подобри своите вештини.
-Секој мора да има исто ниво на борбена способност, вели Ал Мансури. Таа е родена во Абу Даби, а потекнува од фамилија со осум браќа и сестри.
Ал Мансури вели дека во текот на тренинзите немала посебен третман поради полот
 Таа е командант на ескадрилата борбени авиони F-16, Ал Мансури заедно со пилотите од Бахреин, Јордан, Саудиска Арабија и Катар ги спровела нападите

Пронајдете не на следниве мрежи: