ТАЖЕН КРАЈ НА ЖИВОТОТ ПО СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО СЛОВЕНИЈА: Во септичка јама пронајдено машко тело

Полицијата во Љубљана добила дојава дека е пронајдено мртво лице во септичка јама во областа Мост при Коменда по големото невреме во Словенија.

INFOMAX.MK
Силниот и интензивен дожд што доцна попладнево и вечерва ја зафати Општина …
Страшно: Невремето ја парализира Албанија
Невремето, проследено до обилни и интензивни врнежи, силен ветер, електрични празнења, речиси …
ТАЖЕН КРАЈ НА ЖИВОТОТ ПО СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО СЛОВЕНИЈА: Во септичка јама пронајдено машко тело

Телото било пронајдено во неделата, нешто по 11 часот.

Како што објавија локалните портали, станува збор за маж, кој наводно загинал додека ги санирал штетите од поплавите.

Според досега прибраните информации, мажот починал кога при работа паднал во јама со отворена шахта, а смртта не е последица на кривично дело, објави 24ур.

Последиците од страшното невреме што ја зафати Словенија најмногу се чувствуваат и се гледаат на северот од таа земја. А едно видео кое се појави на социјалните мрежи буквално крши душа.

Европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчич вчера објави дека ЕУ го пушти во употреба Механизмот за цивилна заштита на барање на Словенија, поради поплавите што ја погодија таа земја. Ленарчиќ на социјалната мрежа Х, порано позната како Твитер, изјави дека на Словенија и треба тешка механизација со оператори и монтажни привремени мостови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.