Познат руски новинар: За шест месеци Пригожин ќе биде мртов!

Рускиот претседател Владимир Путин ќе се држи до историјата и ќе се „справи“ со Пригожин, кого го прогласи за предавник по краткиот обид за државен удар на Вагнер.

Познат руски новинар: За шест месеци Пригожин ќе биде мртов!

Ова го изјави Христо Грозев, водечки руски истражувачки новинар, пренесува Index.hr.

Димитриеска-Кочоска: Не очекувам до крајот на годината да има намалување на јавниот долг
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска не верува дека до крајот на годината …

„Сите знаат што прават тие Руси поврзани со режимот на Путин со предавниците, а Путин не го стори тоа. Тој сака да го види мртов. Се уште не може да го направи тоа“, изјави Грозев за „Фајненшл тајмс“.

Грозев претходно во јануари годинава изјави дека Пригожин ќе го предаде Владимир Путин во рок од шест месеци. Неговото предвидување се претвори во реалност на крајот на јуни, кога Евгениј Пригожин, кој е на чело на Вагнер, го предводеше маршот на Вагнерци кон Москва.

„За шест месеци Пригожин или ќе биде мртов или ќе се случи нов државен удар… Можете да ми го запаметите зборот“ – рече новинарот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.