МОЌНИОТ ГЕНЕРАЛ СЕ УШТЕ ВО НЕМИЛОСТ: Воени блогери открија каде се наоѓа Суровикин! САМО ЕДНО МОЖЕ ДА ГО СПАСИ

Рускиот генерал Сергеј Суровикин е отстранет од неговата водечка улога во војната против Украина и наводно е во домашен притвор.

  • Официјална истрага нема, но Суровикин долго време помина во неизвесност одговарајќи на непријатни прашања – наведува воениот блогер ВЧК-ОГПУ, додавајќи дека на генералот му било советувано да „остане под радарот“ за да биде заборавен.
МОЌНИОТ ГЕНЕРАЛ СЕ УШТЕ ВО НЕМИЛОСТ: Воени блогери открија каде се наоѓа Суровикин! САМО ЕДНО МОЖЕ ДА ГО СПАСИ

Блогерот се повикува на извор кој наводно е запознаен со ситуацијата околу моќниот генерал и додава дека одлуката за конечната судбина на Суровикин „ќе ја донесе едно лице“.

  • Колку подолго трае одлуката, толку повеќе таа личност ќе се олади – вели блогерката, мислејќи на рускиот претседател Владимир Путин.

Информацијата дојде само неколку дена откако Виктор Соболев, поранешен руски генерал-полковник, кој сега е член на Државната дума, за руските медиуми изјави дека Суровикин е отстранет од функцијата командант на силите на Кремљ во Украина.

Соболев, исто така, навести дека Суровикин на крајот би можел да се врати.

– Генералот подоцна би можел да и биде корисен на армијата доколку не се утврди дека извршил тешки кривични дела – рече Соболев.

Кремљ сè уште официјално не објави каде се наоѓа Суровикин, односно не ги коментираше наводите дека однапред знаел за бунтот на Вагнер во јуни, само повикувајќи се на „шпекулации“ кога новинарите прашаа за неговото исчезнување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.