Руските војници со ракетен напад уништиле украински вагони со муниција во областа Дњепропетровск, соопшти Министерството за одбрана.
„На станицата Межеваја во регионот Дњепропетровск, воен ешалон со муниција е уништен со ракетен напад во зоната на истовар“, соопшти Министерството.

Руската војска објави снимка од извидувачки дрон од проектил кој погодува воз составен од три покриени товарни вагони на платформа за истовар и предизвикува голема експлозија.
Оштетени се и опожарени шест товарни камиони и најмалку еден автомобил.


