Рускиот амбасадор во Данска предупреди дека борбените авиони Ф-16 ќе доведат до ескалација во Украина

Русија ја осуди одлуката на Данска и Холандија да ѝ донираат борбени авиони Ф-16 на Украина, велејќи дека овој потег ќе доведе до ескалација на конфликтот, јави БТА. Данска и Холандија вчера најавија дека ќе и дадат на Украина борбени авиони Ф-16, а првите шест се очекува да пристигнат до Нова година.

Рускиот амбасадор во Данска предупреди дека борбените авиони Ф-16 ќе доведат до ескалација во Украина

„Фактот што Данска сега одлучи да донира 19 авиони Ф-16 на Украина доведува до ескалација на конфликтот“, изјави денеска рускиот амбасадор Владимир Барбин во изјавата цитирана од данската новинска агенција Рицау.

„Криејќи се зад претпоставката дека Украина сама треба да ги одреди условите за мир, Данска со своите постапки и зборови се обидува да не остави на Украина друг избор освен да продолжи воената конфронтација со Русија“, додаде тој.

Данскиот министер за одбрана Јакоб Елеман-Јенсен изјави претходно денеска дека Украина може да ги користи донираните Ф-16 само на своја територија. Ова се однесува на сите оружја донирани од Копенхаген, нагласи тој.

Данска ќе испорача вкупно 19 ловци. Холандија има вкупно 42 Ф-16, но се уште не одлучила дали сите ќе и бидат донирани на Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.