КИЕВ ПОДГОТВУВА КОПЕН НАПАД НА КРИМ: Шефот на украинското разузнавање откри кој е следниот чекор

Началникот на главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, Кирило Буданов, денеска изјави дека акциите на украинските одбранбени сили нема да бидат ограничени само на удари врз „привремено окупираниот Крим, бидејќи вистинска копнена операција е дел од планот. “

КИЕВ ПОДГОТВУВА КОПЕН НАПАД НА КРИМ: Шефот на украинското разузнавање откри кој е следниот чекор
  • Значењето на специјалната операција на привремено окупираниот Крим е во тоа што луѓето веруваат дека победата, нивното ослободување и враќање на нормалниот живот не се далеку. Никој не ги заборавил и никој нема да ги остави таму. И кога ќе има одредени удари на територијата на Крим, тоа нема да заврши тука. Ќе има копнена операција, ќе си ги вратиме териториите. Наскоро сите ќе го видат нашето враќање дома – изјави Буданов, пренесува Укринформ.

Одговарајќи на прашање за можноста за ослободување на Крим по дипломатски пат, високиот воен разузнавач истакна дека „секоја дипломатија е немоќна без вистинска сила“.

Главната управа за разузнавање (ГУР) на Министерството за одбрана соопшти дека украинската морнарица и Воената разузнавачка служба во текот на ноќта извршиле „специјална операција“, во која единиците слетале во западниот дел на Крим, во областа на Населбите Оленивка и Мајак, и се вклучи во престрелка со припадниците на руските сили.

Беше објавено и дека „сите цели“ се постигнати и нанесени загуби на непријателот, но не беа дадени детали.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.