ДОЛГО ЌЕ СЕ БОРИМЕ, КАКО ИЗРАЕЛ: Зеленски е подготвен да ја продолжи војната – Вака можеме да живееме!

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена „да се бори долго време“, па дури и да живее во непријателски услови „по примерот на Израел“, доколку успее да ги „минимизира загубите“.

ДОЛГО ЌЕ СЕ БОРИМЕ, КАКО ИЗРАЕЛ: Зеленски е подготвен да ја продолжи војната – Вака можеме да живееме!
  • Подготвени сме да се бориме уште долго ако не изгубиме луѓе. Ова може да се случи, но мораме да ги минимизираме жртвите. Така, на пример, е Израел. Можете да живеете вака – рече тој за време на интервјуто за ТВ каналот Рада.

Од февруари 2022 година во Украина беше прогласена општа мобилизација, која неколкупати беше продолжена. На мажите на воена возраст им е забрането да патуваат во странство.

Зеленски денеска зборуваше и за борбата против корупцијата, како и за нападот на олигарсите и за можна национализација на имотот.

  • Каде што е законски можно, да. Онаму каде што е невозможно, тоа е прашање на време – одговори Зеленски за време на сеукраинскиот телетон, на прашањето дали ќе го врати во државата она што олигарсите претходно го приватизираа.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.