Знаев дека ја убил мојата ќерка, но беа потребни 32 години и храброст на друга девојка за да го докажеме тоа

“Кога слушнав на радио дека едно мало девојче било киднапирано и нападнато во Брајтон, го добив истото чувство во стомакот како што ја имав таа долга ноќ барајќи ја ќерка ми Карен. Следниот ден ја дознав страшната вистина: дека мојата убавата деветгодишна ќерка и нејзината најдобра другарка ја силувале и убиле додека играле после училиште во шумата во близина на нашата куќа“, изјавила мајката на девојчето Карен, кое во 1986 година во Велика Британија го уби Расел Бишоп заедно со нејзината најдобра другарка.

Знаев дека ја убил мојата ќерка, но беа потребни 32 години и храброст на друга девојка за да го докажеме тоа

Таблоидите злосторството го нарекоа „Бебешки убиства во шумата“.

Слушајќи ја веста, мајката почувствувала дека човекот кој брутално ги нападнал и убил, нападнал уште едно девојче.

Тогаш поминаа точно три години од погребот на Карен. Таа му рекла на својот сопруг Ли дека знае дека е тој и дека ги предупредила.

Детето кое беше нападнато од Расел Бишоп на тој студен февруарски ден во 1990 година, беше уште помладо од Карен. Продавницата во која отишла била затворена, а бидејќи била нова во областа, Рејчел Вотс (7) била збунета околу враќањето дома, но ја знаела адресата па прашала некого за насока. Трагично за неа, тоа лице беше Расел Бишоп.

„Бишоп е злобен човек кој ги уби Карен и Ники пред три години и се извлече. Сега требаше да направи уште една“, рече мајката на Карен.

Знаев дека ја убил мојата ќерка, но беа потребни 32 години и храброст на друга девојка за да го докажеме тоа

Работеше на својата црвена кортина кога дојде Рејчел.

„Имаше мустаќи слични на татко ми и работеше на својот автомобил, а татко ми беше механичар, па не ми падна на памет дека е опасен“, се сеќава подоцна седумгодишното девојче.

Монструмот ја зграпчил, а кога таа врескала за помош, тој и рекол да молчи или ќе ја убие. Ја ставил во багажникот.

Рејчел дури му понудила еден долар за да ја пушти. Кога продолжил да вози, таа посегнала по чекан и почнала да удира по багажникот. По 25 застрашувачки минути, Бишоп го паркирал возилото, ја одвлекол Рејчел на задното седиште, ја соблекол и ја силувал.

После тоа го направи тоа што им го направи на ќерка ми и на Никола: ја фати за гуша и почна да ја гуши додека не изгуби свест“, додала мајката.

Следното нешто што Рејчел се сеќава е будењето гола, среде темнината во грмушката. Таа успеала да пронајде возило во кое имало пар, кој останал шокиран кога видел гола, крвава девојка.

Ја завиткале во јакна и повикале полиција. Изгледала мртва кога Бишоп ја оставил, но успеала да и каже на полицијата неколку детали. Таа опиша маж со мустаќи, пишува Daily Mail.

На денот кога Карен исчезна во октомври 1986 година, таа брзаше после училиште да си игра со Ники. Тоа беше последен пат кога ја видоа. Мајката ја барала цела ноќ, следниот ден го видела Расел Бишоп, тогаш 21-годишен со куче на поводник.

„Ми кажа дека ги видел вчера, дека си играат покрај дрвото и дека сега посакува да ги донесе дома. Почувствував нешто сомнително. Мојот инстинкт ми кажа дека не сакам тој да учествува во потрагата. “, рече мајката.

Таа додаде дека знаела дека нешто лошо им се случило на децата и дека Бишоп стои зад тоа, бидејќи чудно се однесувал. За убиствата му се судеше и беше ослободен во 1987 година.

Сепак, по неколку години се најде пред суд за киднапирање и силување на Рејчел. Таа го идентификувала, што е неверојатна храброст за толку мало дете.

Тој беше осуден на доживотен затвор, а почина откако се зарази со корона вирусот во јануари 2022 година на 55-годишна возраст. Имаше рак.

Семејството на Карен и Никол продолжило да бара правда за смртта на нивните девојчиња, а во меѓувреме се јавиле повеќе луѓе кои ги виделе убијците на нивните најблиски на слобода.

По долгогодишна кампања, нацрт-законот за завршување на двојната опасност конечно стана закон во 2005 година.

Но, 2013 година беше пресвртна точка. Полицијата во Сасекс одлучи дека форензичката наука е доволно напредната за повторно да ја отвори истрагата за убиствата на Карен и Ники.

На судењето во 2018 година, мајката држеше фотографија од Карен во рацете кога поротата рече: „Тој е виновен“.

Беше на 10 декември 2018 година, точно 31 година од првото ослободување на Бишоп.

“Знаев дека никогаш нема да биде ослободена. Можев да и шепнам на Карен: “Го имаме”. Конечно, таа и Ники можеа да почиваат во мир”, заклучила мајката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.