Единаесет мртви, 144 болни во база на НАТО во Полска! Заразата ја десеткува армијата!

Епидемија на легионерска болест, предизвикана од бактеријата легионела, избувна во Жешов, главниот град на полското Подкарпатско војводство и стратешки центар на НАТО во Европа. За две недели, најмалку 11 лица починаа, а 144 луѓе се заразиле.

Единаесет мртви, 144 болни во база на НАТО во Полска! Заразата ја десеткува армијата!

Случајот го истражува и Агенцијата за внатрешна безбедност на Полска, бидејќи Жестов е стратешки важен и најдобро заштитен град – седиштето на НАТО во Европа, од каде што се дистрибуира оружје во Украина, пишуваат странските медиуми.

Легионелозата е болест која не се пренесува преку контакт, туку може да се пренесе со прскање со вода загадена со бактерии, поради што експертите претпоставуваат дека епидемијата најверојатно настанала преку туширање.

Спроведените тестови покажаа дека водата во градскиот водовод е загадена со бактерија легионела, а во тек е истрага како можела да дојде до загадување.

За време на епидемијата, која трае веќе две недели, веќе починаа најмалку 11 лица, а заразени се 144 лица. Како што се наведува, најголем дел од пациентите се постари лица.

Инфекцијата со легионела предизвикува акутна пневмонија, проследена со општи симптоми слични на грип, повраќање и дијареа.

Првичните сознанија покажаа дека нема вмешаност на трето лице во предизвикувањето на животно загрозувачката состојба, но истрагата и потрагата по изворот на загадената вода се уште е во тек.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.