Белгија зимава ќе се соочи со тројна епидемија

Белгија се соочува со потенцијална „тројна епидемија“ оваа зима, бидејќи порастот на бројот на случаи на Ковид 19 во комбинација со зголемувањето на редовните сезонски инфекции на настинки и грип се заканува да изврши притисок врз здравствената служба над одржливите граници.

Ризикот од тројна епидемија што ќе изврши силен притисок врз нашиот здравствен систем е реалност што мора да се земе предвид, истакна раководител на одделот за вирусни болести во Институтот за јавно здравје Стивен Ван Гухт.
Експертите препорачуваат мерките на претпазливост усвоени за време на пандемијата, вклучително и носењето маски, привремено повторно да се воведат за да се ограничат инфекциите и да се намали притисокот врз здравствениот систем на Белгија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.