Шокантен потег на Русите на југ, патот до Азовското Море е отворен за Украинците?!

Русија објави дека нејзините војници се повлекле од селото Работино во областа Запорожје.

  • Руската армија ја напушти – тактички лево – таа населба бидејќи нема смисла да се остане на гола површина без можност за копање ровови – рече Евгениј Балицки, висок функционер во регионот, во емисијата во живо на Соловлев.
  • Нашата војска се пресели кон ридовите – додаде Балички.
Шокантен потег на Русите на југ, патот до Азовското Море е отворен за Украинците?!

Се чини дека Украина успеа при освојувањето на селото Работино да ја пробие една од најзацврстените руски одбрани на линијата на фронтот, пишува Sky News.

Да потсетиме, Работино е на неколку километри од Орахив, клучен град на патот кон Токмак, главниот патен и железнички јазол што го зазедоа Русите. Заземањето на градот Токмак би претставувало пресвртница за Украинците во нивната контраофанзива на југ кон Азовското Море.

Пронајдете не на следниве мрежи: