Буш: Зеленски е цврсто момче, вистински Тексашанец, Путин е градител на империи

Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш мисли дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е толку цврст што би можел да биде од Тексас.

Два хороскопски знаци би можеле да се збогатат во јануари
Додека некои вредно работат на новогодишните одлуки во јануари, други може да …
Терапевтот издвоил 3 фрази кои го оддалечуваат партнерот од вас: Откри што да кажеме наместо нив
Секој пар барем еднаш доживеал некаков конфликт во својата врска. Несогласувањето за …
Виктор беше првата жртва на пожарот во Лос Анџелес: Пожарникарите го пронајдоа со црево во рацете како се обидувал да се спаси (фото)
Една од петте жртви на катастрофалните пожари што го зафатија Лос Анџелес е идентификувана како Викор …
Филипче ги обвини: Нема место за опасни политики во нашето општество, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ сојузници во создавање тензии
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Независен“ остро ја критикуваше …

Па, тој е цврсто момче, вистински Тексашанец“, рече Буш преку видео врска за време на конференцијата во Киев. Иако Буш е роден во Конектикат, тој пораснал во Тексас, пренесува „Политико“. Буш, исто така, рече дека ќе биде сè потешко да се убедат Американците дека помагањето на Украина е во нивен најдобар интерес.

„Прво и основно, Украина треба да се справи со корупцијата. Неодамнешната реорганизација на владата покажа дека Зеленски сака да го направи тоа“, рече Буш.
Додаде дека го гледа рускиот претседател Владимир Путин како градител на империја кој можеби нема да престане да ја напаѓа Украина.

Според него, ако Путин не биде запрен во Украина, САД ќе мора да се вклучат во помагањето на земјите како Полска, Литванија и Латвија.
„Ситуацијата во Украина е важна за безбедноста на Соединетите Американски Држави. САД сè уште треба да ги поддржат луѓето како Зеленски кога покажуваат храброст“, рече Буш.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.