Украинското разузнавање откри АЛАРМАНТНА ВЕСТ: Русија распореди 46 ракетни системи „Искандер“ долж украинската граница

Русија распореди 46 свои ракетни системи „Искандер“ долж украинската граница, тврди портпаролот на украинската воена разузнавачка агенција (ГУР).

Системите „Искандер“ можат да истрелаат крстосувачки и балистички ракети врз украинската цивилна инфраструктура, рече Вадим Скибицки, заменик-шефот на украинскиот ГУР, на брифинг за медиумите во неделата во Киев.

Украинското разузнавање откри АЛАРМАНТНА ВЕСТ: Русија распореди 46 ракетни системи „Искандер“ долж украинската граница

Во петокот украинската војска објави дека Русија го гаѓала Криви Рих со ракетниот систем Искандер-К. Во петокот Русија изврши вкупно 13 напади врз украински цели, соопшти во саботата наутро Генералштабот на украинската армија.

Руските сили често користеле ракети „Искандер“ во нападите врз украинските цели, а тоа е тактичко оружје способно да лансира нуклеарни боеви глави.

Западните експерти претходно шпекулираа дека Москва може да го користи ракетниот систем 9К720 Искандер, кој НАТО го оперира под ознаката СС-26, доколку одлучи да посегне по нуклеарен арсенал.

Русија има само 100 од нив.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.