300.000 РУСКИ ДОБРОВОЛЦИ ЧЕКААТ ЗА ВЛЕЗ ВО УКРАИНА! Путин: Подготвени се да ги жртвуваат животите во интерес на својата татковина!

Веќе 300.000 доброволци се пријавиле за учество во специјалната операција, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на средбата со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко.

300.000 РУСКИ ДОБРОВОЛЦИ ЧЕКААТ ЗА ВЛЕЗ ВО УКРАИНА! Путин: Подготвени се да ги жртвуваат животите во интерес на својата татковина!
  • Реков пред неколку дена дека мажи, наши војници, потпишале договори со вооружените сили на Русија, 270 илјади, но тоа е застарена информација. Утрово објавија – 300 илјади договори потпишаа луѓе кои, сакам да нагласам, се подготвени да ги жртвуваат своите животи во интересите на својата татковина, штитејќи ги интересите на Русија – изјави шефот на руската држава.

Во исто време, Владимир Путин истакна дека доброволците не одат во борбената зона за пари, иако државата на учесниците во специјалната операција им плаќа суми „многу повисоки од националниот просек“.

  • Сепак, дали со пари може да се покрие заканата од смрт или тешка повреда? Се разбира не. И пред се, нашите луѓе кои ги склучуваат овие договори се водат од највисоките патриотски причини – рече рускиот претседател.

Путин нагласи дека ваквиот избор на Русите предизвикува почит и додаде дека единиците формирани за учество во специјалната операција се опремени со модерно оружје и опрема.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.