РИБИ НАПАЃААТ ТУРИСТИ ВО ПОЗНАТ РЕСОРТ: Експертите предупредуваат, внимавајте ако го имате ова на себе

Летото во популарното шпанско одморалиште Бенидорм донесе неочекуван проблем за туристите, напади на риби. Наместо да се релаксираат во морето, туристите се соочуваат со вистинскиот ужас на овие агресивни риби.

РИБИ НАПАЃААТ ТУРИСТИ ВО ПОЗНАТ РЕСОРТ: Експертите предупредуваат, внимавајте ако го имате ова на себе

Рибите, не го избираат својот плен и немаат проблем со тоа што луѓето се поголеми од нив и без двоумење ги напаѓаат. Експертите тврдат дека ги привлекуваат кожни неправилности како што се рани, брадавици или бенки. Но, нападите се случуваат и без очигледна причина, кога рибата ги каснува луѓето по рацете, нозете или грбот.

Според експертите, многу високите температури на морето се причина за зголемена агресивност на рибите. Температурата на морето е значително повисока од вообичаената, што го забрзува метаболизмот на рибите и го зголемува нивниот апетит, вклучувајќи го и апетитот за луѓето.

Лавров: Русија и Кина докажаа дека големите сили можат да бидат добри соседи
Двете земји ја одбележуваат 75-годишнината од дипломатските врски. Рускиот министер за надворешни …
Француската ѕвезда заработува 240.000 неделно, а носи копачки од 65 евра
Француската фудбалска ѕвезда која неодамна објави репрезентативна пензија, Антоан Гризман, изненади во …

Иако оваа појава не е нова и е позната веќе неколку години, во моментов нема конкретни чекори за решавање на проблемот, освен предупредувањето на туристите да бидат внимателни. Препораките вклучуваат избегнување на влегување во морето со накит, бидејќи сјајниот накит може да привлече риби.

Најагресивниот вид риба одговорен за нападите, познат како платика, има тенденција да се држи подалеку од брегот.

Сепак, оваа година тие се приближија до брегот, особено во близина на островот Табарка, каде туристите често ги хранат. Овој проблем не е специфичен за Бенидорм, слични напади беа пријавени и во други шпански одморалишта како Коста Брава и Каталонија во претходните години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.