Обид за атентат врз Роберт Кенеди: уапсен вооружен човек

Вооружениот човек кој носел полициски беџ и кој тврдел дека е дел од приватното обезбедување кое го чува демократскиот кандидат за трката за номинација за претседател на САД – Роберт Кенеди Јуниор, беше уапсен вчера во Лoс Анџелес, каде Кенеди требало да одржи митинг со говор. Во инцидентот немало пукање.

Апсењето беше обајвено од Брајтбарт Њуз, а подоцна беше и потврдено од самиот Робер Кенеди Џуниор на платформата Х (Твитер), кој потенцира дека се` уште не му се дава заштита од Тајната служба која неговиот противкандидат и претседател на САД, Бајден треба да ја одобри. По правило сите номинирани кандидати за претседател треба да добијат заштита од Тајната служба на САД која е задолжена за заштита на официјални лица од највисок профил. Таткото на Роберт Кенеди и неговиот вујко Џон Кенеди беа двајцата убиени од атентатори едниот во Лос Анџелес во 1968-ма, а другиот во Далас во 1963-та. Роберт Кенеди претходно изјави дека и двајцата, неговиот татко и неговиот вујко, се убиени од криминални елементи во владата на САД.

Кенеди пушти слика од потенцијалниот атентатор кој беше уапсен и се заблагодари на своето приватно обезбедување

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.