Реал ја мина Барса на листата највредни светски екипи

Реал Мадрид, кој во изминатиот период забележа три големи победи, две над Барселона и една над Манчестер Јунајтед, ја мина Барселона на листата на најскапите светски тимови.

Според проценките на специјализираниот портал за проценка на пазарната вредност на фудбалерите „Transfermarkt“, екипата на Реал на пазарот има вредност од 605.500.000 евра, додека вредноста на играчите кои го носат дресот на Барселона изнесува 603.800.000 евра. Најголем скок, според вредноста на пазарот, направил францускиот дефанзивец на Реал, Рафаел Варан, чија вредност од 15 пораснала на 20 милиони евра. Исто така пораснала и цената на голманот на Реал, Диего Лопез, од 1,5 на 5 милиони евра. Од друга страна според „Transfermarkt“ се намалила пазарната вредност на играчите на Барселона Чави, Давид Виља, Виктор Валдез и Хавиер Маскерано. Зад Реал и Барселона, на третото место се наоѓа германскиот гигант Баерн Минхен чија екипа е проценета на 435.450.000 евра, а потоа следуваат Премиер лигашите Манчестер Сити (433.250.000), Манчестер Јунајтед (421.250.000) и Челзи (386.750.000). Кога станува збор за фудбалерите, од петмината највредни според порталот четворица играат во шпанската Примера – најскап е Лионел Меси кој е проценет на 120 милиони евра, следуваат Кристијано Роналдо (100 млн. евра), Андрес Иниеста (70 млн. евра) и Радамел Фалкао (60 млн. евра). Место во Топ 5 има за Вејн Руни, кој се наоѓа на четвртото место, тој е проценет на 65 милиони евра. Руни, според вредноста на пазарот е прв во Премиер лигата, зад него се Ван Перси и Кун Агуеро и двајцата се проценети на 45 милиони евра, пота следуваат Давид Силва (44 млн. евра) и Герет Бејл (42 млн. евра). Инаку најскап играч во француското првенство е Златан Ибрахимовиќ (35 млн. евра), додека во Бундес лигата највредни се Франк Рибери и Марио Гомез (42 млн. евра).
Макфакс
Реал Мадрид, кој во изминатиот период забележа три големи победи, две над Барселона и една над

Пронајдете не на следниве мрежи: