Азербејџан и се извини на Русија за смртта на руските мировници: Сите одговорни ќе бидат казнети

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев му се извини на рускиот лидер Владимир Путин за трагичната смрт на руските мировници во Нагорно Карабах, соопшти Кремљ.

Како што рече, ќе биде спроведена детална истрага за смртта на руските мировници и сите одговорни ќе бидат казнети.
„Нагласувам, ќе спроведеме детална истрага за се што се случи и сите одговорни ќе бидат најстрого казнети. Обвинителствата на двете земји се во близок контакт по ова прашање“, нагласи Алиев во телефонскиот разговор со рускиот лидер.

Азербејџан и се извини на Русија за смртта на руските мировници: Сите одговорни ќе бидат казнети

Истовремено, Алиев ја изрази подготвеноста на неговата земја да обезбеди секаква материјална помош за семејствата на загинатите руски мировници.

Во исто време, двајцата лидери за време на телефонскиот разговор се согласија дека Азербејџан ќе соработува со руските мировници за да се обезбеди безбедноста на Ерменците во Нагорно Карабах.

Кремљ, исто така, наведува дека и Путин и Алиев истакнале дека е многу важно да се почитуваат сите договори за прекин на огнот во Нагорно-Карабах.

Телефонскиот разговор бил инициран од азербејџанска страна.
Да потсетиме, беше отворен оган во возило со руски мировници кои се враќаа од набљудувачка станица во областа Џањатаг во Нагорно Карабах, при што загинаа војниците, соопшти руското Министерство за одбрана.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.