УКРАИНЦИТЕ ПОГОДИЈА ЗГРАДА НА ФСБ! Дрон падна во центарот на Курск во западна Русија (ВИДЕО)

Украински дрон погоди административна зграда во центарот на Курск, на југот на Украина, соопштија денеска руските власти.

Листа „Украинска правда“, повикувајќи се на извори од воената разузнавачка служба, наведува дека дронот удрил во зградата на Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија.

УКРАИНЦИТЕ ПОГОДИЈА ЗГРАДА НА ФСБ! Дрон падна во центарот на Курск во западна Русија (ВИДЕО)

Во последниве месеци Киев извршува речиси секојдневни напади врз руските градови како дел од украинската контраофанзива против руските сили започната на почетокот на јули.

Курск се наоѓа на околу 90 километри од границата со Украина.

– Во Курск украинско беспилотно летало ја нападна административната зграда во центарот – објави на Телеграм Роман Старовојт, гувернер на Курската област.

Тој рече дека покривот на зградата е малку оштетен и дека на лице место се наоѓаат припадници на итната помош.

Минатиот месец украинско беспилотно летало предизвика значителна штета на железничката станица во Курск, а пет лица беа повредени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.