Трамп позира со пиштол: Сакам да купам еден

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп позираше со пиштол со изгравирано лице на рачката за време на обиколката на продавница за оружје во Јужна Каролина.

Портпаролот на Трамп, Стивен Чунг објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како поранешниот претседател се восхитува на полуавтоматски пиштол.
„Морам да купам еден. Сакам да купам“, вели Трамп во видеото, пренесува „CNBC“.

Неговиот тим вчера ги отфрли шпекулациите дека Трамп купил „Глок“ за време на посетата на Јужна Каролина. Доналд Трамп, кандидатот за републиканска претседателска номинација, годинава е обвинет во четири одделни кривични случаи.
Федералниот закон им забранува на обвинетите да купуваат пиштоли. Сепак, судија во Тексас го прогласи законот за неуставен минатиот септември. Во таа пресуда, судијата ја наведе одлуката на Врховниот суд која ги укина ограничувањата за оружје во Њујорк претходно истата година, доведувајќи ги во прашање големиот број закони за контрола на оружјето.

Десетици илјади луѓе во САД умираат секоја година во инциденти поврзани со оружје. Повредите од огнено оружје се водечка причина за смрт кај децата и адолесцентите, според Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
Имаше вкупно 48.830 смртни случаи поврзани со огнено оружје во 2021 година. Тоа според центарот е најголемиот број на смртни случаи од огнено оружје досега во САД.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.