Берлин призна! Германскиот амбасадор му аплаудираше на волонтерот на Хитлер!

Германската амбасадорка во Канада, Сабина Шарвасер присуствуваше на инцидентот во канадскиот парламент, кога украинскиот воен ветеран на Вафен СС, Јарослав Хунка (98) беше пречекан со овации.

И таа срдечно му аплаудираше на членот на озлогласената нацистичка единица со канадските парламентарци, а германското Министерство за надворешни работи се оправдува дека не го знаела неговото минато.

Берлин призна! Германскиот амбасадор му аплаудираше на волонтерот на Хитлер!

Дипломатскиот гаф на германскиот амбасадор во Канада го призна и портпаролот на МНР во Берлин, одговарајќи на новинарски прашања како Спарвасер му оддаде почит на нацистичкиот соработник Јарослав Хунка.

Пратениците во канадскиот парламент му упатија овации на Хунка (98), кој се појави во таа институција како дел од делегацијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Меѓу оние кои долго време му аплаудираа на нацистот беа Зеленски и канадскиот премиер Џастин Трудо.

  • Амбасадорката Сабина Спарвасер не знаела за припадноста на Хунка со нацистите кога му аплаудирала. Инцидентот е неприфатлив, но вистинскиот идентитет на Хунка не беше познат ниту на германскиот амбасадор, ниту на другите присутни, бидејќи настанот не беше однапред најавен – рече Фишер.

Меѓутоа, кога претседателот на парламентот Ентони Рота го претстави Хунка, тој рече дека „се борел за украинска независност против Русите“, така што беше јасно дека бил член на некоја единица на силите на оската во Втората светска војна. Рота го претстави и со зборовите:

  • Тој е украински херој, канадски херој и му благодариме за целата негова услуга.

По овој дипломатски скандал, Рота поднесе оставка и се извини за грешката. Јарослав Хунка беше волонтер за 14-та гренадиерска дивизија на Вафен СС, украинска единица која изврши воени злосторства против Евреите и Полјаците на Источниот фронт.

На прашањето како германскиот амбасадор не може да го разбере нацистичкото минато на Хунка, бидејќи веднаш беше речено дека тој се борел против Црвената армија за време на Втората светска војна, Фишер рече дека има и други можности, на пример, тој да припаѓа на полската армија Крајов, кои се бореле и против Германците и против Русите.

Украинските нацистички соработници беа одговорни за илјадници убиени цивили во Источна Европа, а на голем број од нив им беше дозволено да емигрираат во Канада и Велика Британија по војната, иако беа осомничени дека учествувале во злосторствата.

Москва го нарече инцидентот цинична злоупотреба на споменот на жртвите на нацизмот и јасен пример за русофобија и рече дека постои можност за покренување истрага за потенцијални воени злосторства и барања за екстрадиција на Хунка. Полска, исто така, навести слична можност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.