Нема спас: Пропадна американска компанија

Компанијата на поранешниот шеф на НСА банкротираше.

Компанијата за сајбер безбедност АјронНет, основана од поранешниот шеф на НСА, Кит Александар, ги отпушти своите вработени и се подготвува официјално да прогласи банкрот.

Претседателот и главен финансиски директор на Iron Net, Камерон Фор, рече дека компанијата ги суспендирала сите деловни активности додека се подготвува за банкрот според Поглавје 7 од американскиот банкротски кодекс, пренесува TechCrunch.

Тој додаде дека компанијата го продава својот имот за да ги исплати преостанатите долгови.

Кит Александар, генерал на американската армија со четири ѕвезди, го основаше Ајроннет во 2014 година, набргу откако тој се повлече од функцијата шеф на НСА откако Едвард Сноуден објави доверливи информации за операциите на агенцијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.