„МАЖОТ Е МАЖ, ЖЕНАТА Е ЖЕНА, не вршете притисок врз луѓето“

Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека „мажот е маж, а жената е жена“ и дека не треба да се врши притисок врз луѓето да веруваат дека можат да бидат од било кој пол.

Зборувајќи за тоа како општеството треба да се однесува кон трансродовите луѓе, Сунак на годишната конференција на неговата Конзервативна партија рече дека „не треба да бидеме малтретирани да веруваме дека луѓето можат да бидат од кој било пол“, објави „Ројтерс“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.